Во периодот од 28.08.2020 до 09.09.2020 беа организирани 4 настани во рамките на активноста „Патувачко кино“ во руралните средини во селата Камењане, Непроштено, Вешала и Вратница.
Целта на настаните беше промоција на видеото „Шар Планина – иден национален парк“ (https://bit.ly/2Rx20Rmи) и преку неформален разговор запознавање на населението со придобивките од прогласувањето на националниот парк. На сите настани се делеше промотивен материјал (заштитни маски и торбички) и се разговараше со населението за целиот процес.