Warning: "continue" targeting switch is equivalent to "break". Did you mean to use "continue 2"? in /home/cedorg/public_html/site/templates/ced20192/functions.php on line 201

Warning: count(): Parameter must be an array or an object that implements Countable in /home/cedorg/public_html/site/templates/ced20192/library/Designer/Content/SingleArticle.php on line 198

„Патувачко кино“ во руралните средини

KinoWEbВо периодот од 28.08.2020 до 09.09.2020 беа организирани 4 настани во рамките на активноста „Патувачко кино“ во руралните средини во селата Камењане, Непроштено, Вешала и Вратница.

Целта на настаните беше промоција на видеото „Шар Планина – иден национален парк“ (https://bit.ly/2Rx20Rmи) и преку неформален разговор запознавање на населението со придобивките од прогласувањето на националниот парк. На сите настани се делеше промотивен материјал (заштитни маски и торбички) и се разговараше со населението за целиот процес.

Првиот настан во село Камењане беше организиран во местото Те Душку (Te Dushku) или „Кај Дабот“.

Местото пред февруари, 2020 год. било депонија, ноfoto2 kino со голема иницијатива, ангажираност и инвестиции на локалното население и месната заедница, е претворено во многу убаво излетничко место и парк на кој многу граѓани се секојдневно присутни. Местото и комбето за проекции привлече дополнително повеќе локални жители (покрај претходно информираните и повиканите) да останат на местото и го проследат филмот, беа присутни над 150 локални жители. Настанот беше покриен од локалната РТВ Кисс&Менада кои креираа посебен прилог (https://bit.ly/2FBHpc3) за својот дневник, но и за повеќе национални телевизии и медиуми, како Телма (https://bit.ly/32wPY0V) и други.

Гости на настанот беа и претставници од Здружението „Центар за истражувачко новинарство СКУП-МАКЕДОНИЈА”, Скопје кои го искористија настанот да направат повеќе интервјуа со луѓето директно вклучени во организација на настанот кој ќе биде дел од документарен филм за вредностите и процесот на прогласувањето на Шар Планина за национален парк.

Вториот настан во село Непроштено беше организиран во дворот на О.У. „Екрем Ќабеј” на кој присуствуваа над 100 локални жители, меѓу кој поголемиот број беа млади. На настанот се сними кратко видео од активностите и интервјуа со локални жители (https://bit.ly/3hvCjvm). Тука присуствуваа и 10тина претставници од ловџиските и дрвосечачките друштва во мешан етнички состав кои бараа да се вклучат во дискусијата и кои воглавно се против национален парк во овој реон. Сите нивни барања беа запишани и пренесени до надлежните институции, како и беа повикани да се вклучат во јавните форуми и јавни расправи каде што отворено и детално ќе се дискутира за сите прашања.

На третиот настан кој се одржа во село Вешала во дворот на О.У. „Беса” кое се наоѓа во централното подрачје на селото присуствуваа 60тина жители. Иако Вешала е мало село со многу иселени жители, позитивно бевме изненадени од посетеноста на настанот и заинтересираноста на жителите Локалното население беше позитивно расположено и заинтересирано за прогласување на Шар Планина за национален парк, но тие бараат да има поголеми инвестиции и со тоа создавање нови можности за овој предел. Непрогласувањето на Шара за национален парк понатаму ќе ги влоши и онака малите можности и тешките услови за живот, а тоа пак и понатаму ќе продонесува за се почеста преселба на жителите во странство.

На четвртиот и последен настан од серијалот „Патувачко кино“ кој се одржа во дворот на стара задруга во село Вратница присуствуваа 50тина жители. Настанот се снимаше од страна на претставник на Deutche Welle, кој претходно ги снимаше природните убавини на Шар Планина. Локалното население е заинтересирано за прогласување на Шар Планина за национален парк за да конечно престане уништувањето и узурпацијата на природата кое во овие предели се врши енормно. Тие се надеваат дека со прогласувањето на национален парк, конечно еднаш засекогаш ќе престане изградбата на нови хидроцентрали кои прават огромна штета на биолошката разновидност. Но бараат да бидат детално вклучени во целиот процес и да знаат детално кои се придобивките, а кои се рестрикциите и загубите од овој национален парк во сите негови зони. За време на долгата дискусија со граѓаните, повеќето од нив раскажуваа за нивната долга битка од 2013-та до 2019-та година за стопирањето на изградбата на хидроцентралите на вратничката река Раќита во која биле оставени буквално сами, често и со жив штит да се борат со моќници и градежни фирми за да ја стопираат изградбата на хидроцентралите.

Следни настани кои се планираат за крајот на Септември се форуми со локално население и засегнати групи во кои ќе присуствуваат експерти на повеќе теми како : Земјоделство и пасишта, шумарство и ловство, води и туризам. На овие форуми ќе се даде одговор на сите прашања и детално ќе се информира населението за можностите во идниот национален парк.

За техниката, озвучувањето и проекцијата на филмот беа задолжени ТИФФ ОДА кои на уникатен начин со комбе пренаменето во патувачко кино ја направија проекцијата.  Проекцијата се одржа во дворот на О.У. „Екрем Ќабеј” кое се наоѓа во централно подрачје во село Непроштено. Местото и комбето за проекции привлече дополнително повеќе локални жители (покрај претходно информираните и повиканите), особено млади посетители овој пат да останат на местото и го проследат филмот. На настанот се снимаше видео и се земаа кратки изјави од локалното население за мислења околу процесот за прогласување на Шар Планина за национален парк. На сите присутни им беа поделени промотивни материјали од проектот - заштитни маски и торбички, брендирани со логото на кампањата и организациите кои го поддржуваат настанот.

fotoKino1kino

Настанот го отвори Метин Муареми, претседател на Центар за Едукација и Развој- ЦЕД, кој го претстави целиот процес на прогласување на Шар Планина за национален парк, поддршката и соработката со сите институции и организации вклучени во јавната кампања (МЖСПП, ГЕФ, УНЕП, ГИЗ, МЕД, Пријатели на ШАРА..), како и следни планирани активности.  Потоа се презентираше видеото „Шар Планина - иден национален парк” кое се следеше со големо внимание од над 100 присутни.

Во неформалниот разговор тие бараат да се изменат надворешните граници и во нив да не спаѓаат селата Непроштено, Варвара, Брезно, Теарце, Јелошник, Вратница. Сметаат дека најуништената зона со планот е во Теарце и Вратница.